Вести Македонија Топ вести

Ковачевски: Хрватска е најгласниот поддржувач на Македонија на европскиот пат

Хрватска е најгласниот поддржувач на Македонија на европскиот пат. Меѓу двете земји продолжува добрата соработка рече премиерот Ковачевски кој денеска со највисоки државни и воени почести го пречека хрвасткиот премиер Андреј Пленковиќ.

На заедничката прес конференција премиерот Ковачевски нагласи дека нашите граѓани ги унапредуваат своите права во Хрватска, а трговската размена расте со можност да се удвои во наредните две години. Подобрување има и во соработката во енергетскиот сектор… Двајцата премиери најавија и дека од мај ќе се отвора и директна авионска линија на релација Скопје – Сплит – Скопје. Одново ги повика политичките партии во земјава да ги поддржат уставните измени.

Пленковиќ рече дека на Македонија и претсојат последните чекори на патот кон ЕУ, и потребно е да се забрза тој процес. На помош од Хрватска за таа цел доаѓа и Владимир Дробњак кој беше главен преговарач за влезот на Хрватска во ЕУ, а сега ќе му помогне на министерот за надворешни Османи и на целата македонска влада.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе