Вести Свет

Во Софија повторно дојави за поставени бомби во 50 училиштата

Десетина училишта во Софија денеска преку е-пошта добија закани за поставени бомби. Според бугарските медиуми има закани и кон други училишта во државата.

Во е-пораките е упатено и барање за плаќање во биткоини.

Последни евакуации беа преземени во училишта низ државата на 30 март. Во изминатата недела беа регистрирани над 100 дојави за поставени бомби во училишта во областите Плевен, Сливен, Варна, Бургас и Софија. Електронските пораките беа речиси идентични во сите училишта.

Техничкиот министер за внатрешни работи Иван Дерменџиев вчера изјави дека според новиот протокол за акција веќе нема да бидат затворани објекти ако биде добиена закана за поставена бомба.

При денешните закани учениците биле однесени во дворот на училиштата додека во дел е прекината наставата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе