Вести Македонија

Поради одрон, сообраќаен прекин на автопатот Скопје-Велес

(архивска фптографија)

Големи карпи од одрон го прекинаа сообраќајот на автопатот Скопје-Велес кај Ветерско. Надлежните се обидуваат да го расчистат правецот.

-На автопатот Скопје-Велес после м.в.Ветерско сообраќајот е во целосен прекин, известува АМСМ за состојбата на овој фреквентен автопат кој од север води кон границата со Грција.

Од ЦУК известија дека на телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницате на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“.

Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место.

-Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат. Во комуникација со раководството на јавните претпријатија, дознаваме дека во моментот две екипи од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот, соопштија од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

И Пендаровски и Силјановска Давкова ќе ги прифатат уставните измени доколку бидат изгласани во Собранието

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе