Вести Свет

Финска стана 31-та членка на НАТО – двојно зголемувајќи ја границата која алијансата ја споделува со Русија

Финска стана 31-та членка на НАТО, со што двојно се зголеми и должината на границата на земјите членки на Алијансата со Русија.

Финскиот министер за надворешни работи му го предаде документот за пристапување во НАТО на американскиот државен секретар, кој ја прогласи за полноправна членка на Алијансата.

Пото пред седиштето на НАТО, сино-белото знаме на Финска го зазеде своето место меѓу останатите 30 знамиња на државите членки на Северно-атлантската алијанса.

Членството на Финска во НАТО е нов дипломатски пораз на Русија и претседателот Владимир Путин.

Тој постојано ја потенцираше експанзијата на НАТО кон истокот како една од главните забелешки на руската држави, пред инвазијата на Украина.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, изјави дека со нападот на својот сосед, рускиот лидер го предизвикал токму тоа што се обидувал да го спречи.

Портпаролот на официјален Кремљ, Дмитри Песков, предупреди дека Русија одблиску ќе ги следи случувањата во Финска, опишувајќи го проширувањето на НАТО како „нарушување на безбедноста и националните интереси“ на Русија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност

Дејан Дејан

ЕУ одговори на заканите од Трамп за царини: Сакаме фер трговски договор, но подготвени сме да одговориме

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите во дискотеката „Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе