Вести Свет

Борел ја предупреди Кина да не испорачува оружје за Русија

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска ја предупреди Кина да застане во одбрана на светскиот поредок заснован на меѓународното право, додавајќи дека Пекинг има морална одговорност да придонесе кон праведен мир во Украина.

Не смее да има подржување на агресорот. Има јасни очекувања од една постојана членка на Советот за безбедност на ООН, да застане во одбрана на поредокот заснован врз меѓународните правила и Кина има морална одговорност да придонесе кон праведен мир, рече Борел.

Стоејќи до американскиот државен секретар Ентони Блинкен, Борел беше жесток во осудата на земјата која од партнер се повеќе се претвара во ривал на глобалната сцена. Неговата изјава доаѓа пред најавените посети на Пекинг од страна на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, и францускиот претседател Емануел Макрон, на кои се очекува и двајцата европски лидери да ѝ потенцираат на Кина дека односите помеѓу ЕУ и Кина се поважни од пријателството меѓу Пекинг и Москва.

Се очекува Макрон и фон дер Лајен да го предупредат Си Џинпинг, Кина да не ѝ испорачува оружје на Русија.

Тие не треба воено да го поддржуваат агресорот. Тоа е нашата порака за Кина, од денешниот состанок и од сите европски посети на Пекинг, рече Борел.

Иако Кина инсистира дека е неутрална по прашањето за војната во Украина, сепак посетата на Џинпинг на Москва кај западните сојузници остави впечаток на состанок помеѓу двајца блиски сојузници и пријатели.

Тие се согласија за потребата да не се распроедуваат нуклеарни оружја во странство. Неколку денови подоцна, Русија распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, изјави Борел за објавувањето на таквите планови од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на европската дипломатија додаде дека се надева во промена на мислењето на Пекин, ако сакаат да избегнат влошување на односите.

Ние бевме многу јасни дека кинеската позиција во врска со руските злосторства и воени злосторства, ќе го дефинира квалитетот на нашите односи со Пекинг, рече Борел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе