Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршка за промена на Уставот само ако се примени во целост хрватската преамбула

Најголемата опозициска партија ги повика партиите од мнозинството при прмената на Уставот во целост да се примени хрватскиот модел.

Оваа држава, Република Хрватска, е земја членка на ЕУ па оттука и промената на уставот по т.н хрватски модел за ВМРО-ДПМНЕ е сериозно применлив и прифатлив. Со тоа, Македонија ќе го промени мултиетничкот карактер во унитарен и аналогно на тоа Македонија ќе е држава на македонскиот народ и држава во која припаѓаат националните малцинствата, кои живеат тука, изјави портпаролката на партијата марија митева.

Според неа, ако се примени хрватскиот модел, преамбулата на нашиот Устав би изгледала вака:

„Република Македонија се воспоставува како национална држава на македонскиот народ и држава на припадниците на националните малцинства: Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и др., кои се нејзини државјани, на кои им се гарантираат исти права со тие на македонскиот народ и остварување на националните права, во согласност со демократските норми на Организацијата на Обединети Нации“

Со тоа, сегашната преамбула ќе претпри значителна промена од причина што актуелната преамбула гласи: “Граѓаните на Република Македонија, Македонскиот народ, дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите”

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека е подготвена да разговара со сите националности за овој модел, и како политичка партија е подготвена веднаш да го поддржи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе