Вести Македонија

Во „Плацеви на Водно“ Мијалков бил помагач и Апелација му ја замени затворската казна со условна – Груевски доби две години плус

Во случајот „Палцеви на Водно“ Апелација ја замени затворската казна на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков,  со условна осуда, а на поранешниот премиер Никола Груевски ја зголеми за две години – од седум на девет.

Со првостепената пресуда, Мијалков беше осуден на една година и три месеци затвор за помагање во кривичното дело перење пари. Меѓутоа, Апелација нагласува дека тој бил само помагач и неговите дејствија не биле реални туку вербални. Тука прави споредба и со останатите осудени во случајот кои иако не беа помагачи добија помали затворски казни или условни осуди, а тоа се: Јордан (Орце) Камчев кој беше осуден на 1 година затвор и Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ кои беа осудени условно од првостепениот суд.

Условната казна за поранешниот директор на УБК значи дека затворот од една година и три месеци нема да се изврши ако тој во наредните четири години не стори ново кривично дело.

 

Мијалков вчера и официјално беше слободен за случајот Тортура.  Скопска Апелација ја потврди ослободителната пресуда во предметот на СЈО за апсењето на Љубе Бошковски ден по парламентарните избори во 2011.

Во скопска апелација неделеава пристигна и предметот Титаник два каде мегу обивнетите е и Мијаков но нему делото му застарува на 7 април.

Истиот суд на крајот од минатата година пак ги укина двата предмети во кои беше осуден на вкупно 20 години затвор- Таргет Тврдина и Трезор. Овие одлуки добија и свое место во извештајот на Стејт Департментот на САД.

Груевски, пак, во „Плацови на Водно“ е осуден за две кривични дела: перење пари и противправно стекнување и прикривање имот. За првото доби пет, а за вториот 3 години затвор кои првостепениот суд ги смести во единствена затворска казна од седум години затвор. Но, Апелација смета дека ваквата казна е мала и дека Кривичен не ги ценел доволно отежителните околности, па му одреди седум години затвор за перење пари и три години и шест месеци за противправно стекнување и прикривање на имот или единствена затворска казна од девет години.

Во останатиот дел второстепениот суд ја потврди пресудата од Кривичен вклучително и конфискацијата на имот кој е со приближна вредност од три милиони евра. За потсетување, меѓу конфискуваниот имот со пресудата се: два стана на „Бихаќка“ (соседните каде што живееше Груевски); плацовите на Водно со површина од околу 11 000 квадратни метри; две парцели во Крушево и трите стана во „Панорама Резиденс“ во центарот на Скопје.

Првостепениот суд пресудата ја донесе на 21 април лани, а Груевски и Мијалков, како и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесоа жалби. По одржана јавна седница на 14 февруари годинава, следуваше и денеска објавената одлука.

Камчев, кој беше осуден на една година затвор, не се жалеше на пресудата, туку заедно со казната договорена со спогодбата во предметот „Империја“, веќе ја отслужи во затворот од отворен тип во Струга и сега е на слобода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе