Вести Македонија

Мицкоски има поинаков план за иднината на земјата

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок не го убедила Христијан Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ треба да поддржи уставни измени. На вчерашната средба во германската резиденција која траела 40-тина минути, опозицискиот лидер рекол дека има свој план за надминување на кризата во земјава. Започнува со предвремени избори, а по нив ќе им биде претставен и на дипломатите.

Мицкоски вели дека последните две недели имал многу состаноци и дека трпи жестоки притисоци кои веројатно ќе продолжат. Тврди дека тој лично нема да се помести ниту милиметар, а во партијата овој пат нема слаби алки.

„Мицкоски е заложник на Левица и оттаму потребата да глуми радикал и да се натпреварува со блокади и деструкции за попречување на европскиот пат“, реагираше СДСМ.

Владеачката партија ја обвини опозициската дека прави сè за да ја загрози европската иднина, пласира лажни вести со кои ја манипулира и вознемирува јавноста кога треба да се интензивира европскиот процес. Премиерот Ковачевски изминативе денови неколку пати ја повика ВМРО-ДПМНЕ на постигнување општествен консензус во реализацијата на стратешката цел – влез во ЕУ.

Вчера, германската министерка Бербок се придружи на дипломатските повици сите демократски партии да се обединат околу европската иднина на земјата. Потсети дека ЕУ и Македонија имаат преговарачка рамка и побара уставните измени да не станат јаболко на раздорот меѓу партиите и тема за собирање политички поени.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе