Вести Македонија

Ковачевски побара почитување на правата на Македонците во Бугарија

Да се почитуваат правата на Македонците во Бугарија исто како што во Македонија се почитуваат правата на сите етнички заедници различни од македонската. Ова денеска од Софија го побара македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, во контекст на извештајот на американскиот Стејт департмент за почитувањето на човековите права во Бугарија, во кој се наведува дека властите во Софија продолжуваат да ја негираат регистрацијата активистички групи на етнички Македонци и покрај бројните пресуди на Судот во Стразбур.

„Постојат и пресуди на Судот за човекови права кои што Бугарија ги нема спроведено до денес. И затоа јас ги повикувам, уште еднаш, бугарските власти, согласно одлуките на Судот, согласно европските правните норми за заштита на малцинските права исто така и тие да постапат, бидејќи се работи за земја-членка на Европската унија. И тие граѓани кои што се граѓани на Бугарија, а коишто се самоопределуваат како Македонци во исто време се и граѓани на Европската унија“, изјави Ковачевски.

Ковачевски денеска не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев со која тој побара Македонија да признае дека има македонски Бугари и бугарско присуство во земјата со векови и тие да бидат впишани во Уставот. За тоа Ковачевски доби аплауз од присутните на Клиниката за гастроентерохепатологија.

„Претседателот Радев е претседателот на Бугариија и затоа кога ќе имате прашање за претседателот Радев ќе може да ги поставите на бугарски политичар, а кога ќе имате прашање за претседателот Пендаровски ќе може да ми ги поставите на мене. Да ги разграничиме тие две работи“, изјави Ковачевски.

Ковачевски денеска за првпат отворено зборуваше за почитување на правата на Македонците во Бугарија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе