Вести Македонија

Случајот Транспортер и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски први ќе тестираат на Врховен суд дали аболицијата на Иванов беше легална или не

По одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур кој за предметите поврзани со аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓи Иванов, соопшти дека првин треба да се исцрпат домашните правни лекови, па потоа да се пополнуваат апликации за во Стразбур- премиерата на тестирањето ќе ја предизвика случајот со преплатениот ученички превоз во Битола.

Од Врховниот суд соопштија дека кај нив веќе е доставен предметот Транспортер. Обвинет и осуден е и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски кој беше осуден на затворска казна, но додека чекаше правосилност во домашен притвор си земаше и плата од Битолскиот театар.

-Во Врховниот суд на Република Северна Македонија доставен е предметот „Транспортер“. Предметот е заведен под број КВП КОК2 6/23. Во согласност со Законот за кривичната постапка, предметот веднаш ќе биде доставен на мислење во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, соопштија од Врховниот Суд.

Димитар Дангов, адвокатот на Талевски, посочи дека барањето на одбраната е заснована на тоа што немало можност за гонење поради веќе определената аболиција која подоцна беше повлечена.

Меѓу другите правни основи за поднесување на овој вонреден правен лек, истакнат е основот за немање на правна можност за кривично гонење на господинот Владимир Талески во овој предмет поради даденото помилување од страна на претседателот на државата во текот на 2016 година. При изнесување на овој правен основ наведени се сите правни аспекти кои произлегуваат од примената на правниот институт помилување подведени на Кривичниот законик и Законот за кривична постапка, со посебен осврт на сите донесени пресуди на судот во Стразбур, како и на пресудата на Врховниот суд на Грција донесена во постапка за екстрадиција на лица кои се помилувани на ист начин и поради постоење на идентична правна пречка за кривично гонење беше одбиено барањето за нивна екстрдикција, изјавил адвокатот Дангов, а пренесува „360 Степени“.

Покрај Талевски, во Стразбур аплицираа и други обвинети во предметите на СЈО за кои беше потпишана па повлечена аболиција по големите протести во Скопје и низ Македонија.

Сопругот и адвокат на обвинетата Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски ја поднесуваше апликацијата и во име на екс премиерот Никола Груевски. На листата апликанти пред Стразбур беа и екс директорот на УБК Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Кирил Тодоровски, Тони Трајковски, Едмод Темелко.

Од друга страна има и правни толкувања дека при одлуки на Уставниот суд во државата всушност од правна употреба е избришан и членот од Законот за помилување по кој Иванов ги потпиша аболициите на осомничените во истрагите на СЈО и на повеќе функционери од опозицијата како Бранко Црвековски, Зоран Заев или разузнавачот Зоран Верушевски.

Подоцна законот беше изменет, па помилуваните самите бараа да не им бидат повлечени аболициите.

Миомир Серафиновиќ

И цариник „помагал“ во шверцот на златен накит од 2,2 милиони евра од Истанбул, обвинителството соопшти дека ги тргал лентите за да помине криумчарот со скриените дијаманти

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе