Вести Македонија

И цариник „помагал“ во шверцот на златен накит од 2,2 милиони евра од Истанбул, обвинителството соопшти дека ги тргал лентите за да помине криумчарот со скриените дијаманти

Обвинителството објави дека во шверцот на златен накит покрај странски државјанин учествувал и помагал цариник од макаедонската царинска управа. Обвинителството отвори истрага за криумчарење на златен накит вреден 2,2 милиони евра.

Криумчарот кој имал и српски и турски пасош слетал пред два дена на скопскиот аеродром, а во негово друштво била и македонска државјанка. Сопатничката на шверцерот била сестра на цариник кој иако не бил на смена дошол да ги пречека.

-„Зелениот коридор“ бил затворен со безбедносна лента, па осомничениот цариник ја тргнал лентата и продолжил кон излезот. На тоа реагирал царинскиот службеникот кој го контролирал летот, но осомничениот се претставил како колега цариник и продолжил заедно со својата сестра и со осомничениот странски државјанин да се движи кон излезот. Тогаш интервенирале царинските службеници на смена, извршиле претрес на лицата и во ранецот на патникот од Истанбул пронашле 15 килограми златен накит, додека останатиот вреден накит бил пронајден во куферот на осомничениот натоварен на количката за багаж, соопшти обвинителството.

Двајцата осомничени се уапсени, а обвинителството наведе дека бара притвор во своето соопштение.

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривично дело – Криумчарење од член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а второто за помагање при извршување на кривичното дело.

На 20 март, на граничниот премин Аеродром Скопје, на влез во земјава, осомничениот 32-годишник со двојно турско и српско државјанство, пренел непријавена стока преку царинска линија. Станува збор за над 43 килограми разновиден накит, во вкупна вредност од 2.200.000 евра. Во тоа со умисла му помогнал вториот осомничен со отстранување на пречките за извршување на кривичното дело.

Странскиот државјанин пристигнал со лет од Истанбул за Скопје и во просторот наменет за подигање на багажот го пречекал неговиот помагач, вработен во Царинската управа на РСМ, кој во тој момент не бил на смена и чија сестра патувала со истиот авион.

Царинскиот службеник го зел багажот и од сестра си и од осомничениот, па ги ставил на количка за багаж, по што сите тројца се упатиле кон „зелениот коридор“ за излез од аеродромот без пријава на царинска стока.

„Зелениот коридор“ бил затворен со безбедносна лента, па осомничениот цариник ја тргнал лентата и продолжил кон излезот. На тоа реагирал царинскиот службеникот кој го контролирал летот, но осомничениот се претставил како колега цариник и продолжил заедно со својата сестра и со осомничениот странски државјанин да се движи кон излезот. Тогаш интервенирале царинските службеници на смена, извршиле претрес на лицата и во ранецот на патникот од Истанбул пронашле 15 килограми златен накит, додека останатиот вреден накит бил пронајден во куферот на осомничениот натоварен на количката за багаж.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, можност да ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело, да ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоци и услови да го повторат кривичното дело.​​

Случајот Транспортер и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски први ќе тестираат на Врховен суд дали аболицијата на Иванов беше легална или не

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе