Вести Македонија Топ вести

Штипскиот градоначалник добил закани по живот од вработен во општината

Вработен во општинската администрација неколкупати упатувал закани по живот кон штипскиот градоначалник. Вербалните  закани биле од типот „Ќе видиш, кој сум јас“, а синоќа градоначалникот, Јорданов службеното возило го затекнал со издишани гуми, сите четири гуми биле исечени. Тој пред новинарите не сакаше да открива детали, со цел да не попречи на истрагата.

СВР-Штип во писменото соопштение потврдува за иницидентите, а во него се вели дека синоќа во 22.45 Јорданов го пријавил вработениот во Општина Штип во полициска станица од кој  неколку месеци наназад добивал закани, а околу 19.40 гумите на службеното возило биле исечени од страна на Ј.М. Овој вработен е познат на штипската јавност, пред неколку години на друг градоначалник му се има заканувано, а согласно Кривичниот законик за кривично дело загрозување на безбедност предвидена е затворска казна од три месеци до три години.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе