Вести Свет Топ вести

ВИДЕО: Експлозија на Крим, Украина тврди уништени се руски проектили, Русија соопшти погодени се згради

На видео објавено на социјалните мрежи се гледа експлозија која наводно се случила на железничка станица во градот Џанкоја на Крим каде се наоѓале моќни руски проектили со голем домет.

Нападот бил извршен со дронови

Украинските безбедносни сили соопштија за нападот без да потврдат дали Украина стои зад нападот.

-Продолжуваат подготовките за деокупација на Крим, стои во соопштението на украинските безбедносни сили.

Градоначалникот на Џанкоја каде одекна експлозијата изјави пак дека цен на нападот бил станбен блок. Еден маж е повреден и префрлен во болница, соопштија руските власти.

Путин во офанзива да го засили партнерството со сојузниците – Кинескиот претседател во посета на Москва

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе