Вести Македонија Топ вести

Работници од Непал се нудат во македонскиот текстилен сектор

Неколку македонски Агенции работат на привлекување на странски работници. Eдна од нив веќе нуди работници од Непал во текстилниот сектор. Ваква понуда добил и менаџерот на светиниколска „Мода“ и претседател на собрание на Организација на работодавачи, Ангел Димитров.

Димитров посочува дека либерализацијата на увоз на странски работници треба да почне, а работниците кои се подготвени да дојдат тука, треба да им се обезбеди сместување и за овие работници нормално е дека ќе важат истите права од работни односи, какошто се и за домашните работници. А ова веќе се случува во Хрватска и Бугарија, каде што има и работници од Виетнам, а компаниите веќе градат и интернати, згради за сместување на работниците.

Димитров во интервјуто за МИА забележува и дека ако не се либерализира пазарот на трудот и со селењето на младите, економијата пополека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе