Вести Македонија Топ вести

„Тој доаѓа“ не значи премиер Албанец, туку дека Ахмети в понеделник ќе дојде на митингот во Чаир?!

Со игра на зборови, Артан Груби си поигрува со јавноста, но и со партискиот претседател, тврдат од „Огнената група“ од ДУИ. Појаснуваат дека, слоганот „Тој доаѓа“ што се споделува по социјалните мрежи од партиски активисти не значи дека доаѓа премиер Албанец, туку дека Али Ахмети ќе дојде во понеделник на митингот во Чаир. Зачудени се како Ахмети му дозволува на Груби на ваков начин да си поигрува  со него.

Споделувањето на слоганот предизвика шпекулации дека се најавува доаѓањето на првиот Албанец премиер на чело на државата, особено затоа што темата ја начнаа и Груби и Османи со изјави во медиумите. Првиот, дека нема амбиции за оваа позиција, вториот дека тоа е веќе договорена работа со Ковачевски.

Но, ваквите потези, за Меџити, се резултат на паниката од огромната посетеност на митинзите на „Огнената група“ од ДУИ, што го одразува и општото незадоволство од актуелните министри од оваа партија. Проследени се и со реваншизам и смена на неистомислениците. Веќе е разрешен заменик-министерот во Одбрана, Башким Хасани, државните секретари Аднан Ејупи и Ресми Ејупи, Миген Селмани од позицијата директор во М-НАВ, Фикри Алити од позицијата директор на Инспекторат за шумарство, како и Алајдин Мемети од Детска клиника.

Меџити тврди и дека, останатите се во фаза на разрешување, а на тие кои самите не сакаат да си дадат отказ, а се дел од оваа група, постојано им се вршат притисоци и преку вонредни инспекциски контроли.

Од оваа група денеска покренаа и онлајн петиција за смена на Груби, со која сакаат да покажат дека огромна бројка на гласачи не се задоволни од овој владин состав на чело со Артан Груби.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе