Вести Македонија Топ вести

Студентски отпор се приклучува на протестот на средношколците- Ништо од она што беше ветувано од МОН не е остварено

Од Студентскиот отпор информираат дека се приклучува на протестот на средношколците закажан за утре петок во 12.30  пред Министерството за образование и наука.
„Крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите“, пишуваат на Фесјбук од Студентски Отпор.
Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка; континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк; неодговарање на апликациите за студентски оброк; доцнење на исплата на стипендиите на студентите; мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови; неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови…
https://telma.com.mk/2023/03/15/srednoshkolcite-gi-povikaa-studentite-na-zaednichki-protest/
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе