Вести Свет Топ вести

Русите пронајдоа американски дрон кај Севастопол на длабочина од 900 метри

Американски дрон е пронајден во близина на Севастопол на длабочина од околу 900 метри, објави „ФорПост“, повикувајќи се на извор близок на Министерството за одрбана кој е запознат со деталите на операцијата.

„Подводен робот се спушти на дното на морето и пронајде МК-9 на длабочина од 850 и 900 метри. Недалеку од таа зона се наоѓа крак на гасоводот „Јужен тек“, пренесе „ФорПост“.

Како што наведува изворот, руски воен брод во моментов дежура на површина во зоната во која се урна американското летало. Се додава дека руски стручњаци размислуваат за натамошни акции за извлекување на американскиот дрон од морското дно.

Каналот Борис Рожин, стручњак на Центарот за воено-политичко новинарство, исто така, јавува дека над местото каде е пронајден дрон, дежура брод на Црноморската флота, со цел никој да не пријде во близина.

„Со оглед на големата длабочина на која се наоѓа американскиот дрон, моментно се размислува како и со што да биде извлечен на површина“, објави „ФорПост“.

„Во Црноморската флота кој е способен за таков потфат, тоа е легендарната „Комуна“ која е изградена во 1913 година“, порача Рожин, пренесува „РТ Балкан“.

„Комуна повеќепати е обновувана и има големо искуство со подводни работи. Во минатото подигна неколку подморници, урнати авиони и потопени бродови, но има и возила кои се способни да работат на длабочина до еден километар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе