Вести Свет Топ вести

Крим почна со воена обука на деца- Русија со мобилизација на нови 400.000 војници

Властите на Крим наредија отпочнување на воена обука на деца. Според објавите на руските медиуми станува збор за основна воена подготовка, а видео од тековните вежби на Твитер објави новинарот на Би Би си Френсис Скар.

Крим беше една од појдовните точки на руската инвазија, а полуостровот е под руска окупација од 2014 година, кога беше незаконски анектиран од рускиот претседател Владимир Путин.

Од февруари минатата година служеше како една од појдовните точки за руската инвазија врз својот западен сосед.

Министерството за одбрана на Русија на 1-ви април ќе започне нова кампања за регрутирање со цел потпишување договори со 400.000 професионални војници, јавува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на повеќе регионални медиуми.

Министерството, наводно, испратило наредби до руските региони во кои се наведува бројот на луѓе со кои мора да се потпишат воени договори.

Медиумите информираат и дека жителите на руската област Воронеж почнале да добиваат покани за воени канцеларии, како што тоа го направија во септември минатата година по таканаречената делумна мобилизација што ја најави рускиот претседател Владимир Путин.

Локалните власти пак тврдат дека жителите се повикани во канцелариите за регрутирање само за да ги ажурираат информациите за нивната воена регистрација.

На крајот на октомври минатата година Путин и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјавија дека мобилизацијата е завршена, но указот за „делумна мобилизација“ остана на сила.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе