Вести Свет Топ вести

Протести во Франција по усвојување на пензиската реформа – демонстрантите му порачаа на Макрон „ќе ја запалиме земјата“

Франција попладнево е на нозе. Плоштадот „Конкорд“ во Париз е запечатен од полицијата. Илјадници демонстранти излегоа на улица во знак на незадоволство од потегот на претседателот Емануел Макрон да ја наметне непопуларната пензиска реформа со помош на членот 49.3 од Уставот или т.н. „нуклеарна опција“ и да избегне гласање во парламентот.

Со користење на посочениот член, кој му дава посебна уставна моќ на претседателот на Републиката, е обезбедено усвојување на предлог законот за подигнување на возрасната граница за заминување во пензија за две години, односно на 64 години. Тоа покажува дека претседателот Макрон и неговата влада не успеале да обезбедат доволно мнозинство во парламентот, пренесува „Ројтерс“.

„Новиот закон е брутален, нехуман и понижувачки“, велат противниците на реформата.

„Кога некоја влада ќе се повика на 49.3, може да биде сигурна дека ќе биде обвинета за грубо однесување над волјата на народот. Впрочем, 49.3 е користен точно 100 пати во повеќе од 60 години на Петтата република и тоа од влади од сите профили“, наведува „Би-Би-Си“.

„Моралот во Франција е низок и станува сè понизок. За многумина, пензионирањето е единствена светла точка во иднината, а со ваквата одлука на Макрон, таа се одзима на граѓаните“, додава дописникот на „Би-Би-Си“ од Париз.

Осумнаесетгодиушниот Бастиен, еден од илјадниците демонстранти во Париз, смета дека одлуката на владата да се повика на членот 49.3 од уставот е „недемократска“ и изрази убедување дека денешната одлука е „последната капка“.

„Ќе ја запалиме земјата… буквално. Патиштата ќе бидат блокирани, железницата ќе биде блокирана. Се надевам дека вечерва нема да видиме нереди. но, за жал, можеби и ќе видиме“, изјави тој.

Освен во Париз, протести има и во Бордо, во Амиен, во Лил, во Рен и во северната француска област Пикардија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Неизвесно е што ќе се случува со каматните стапки

Дејан Дејан

Деветмесечно бебе почина во Охридската болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе