Вести Свет Топ вести

Полска тврди дека разбила мрежа од руски шпиони: Местеле камери и спремале саботажи

Во Полска, група странски државјани се уапсени под сомнение дека се во шпионска мисија за Русија.

Вкупно шестмина се уапсени во наводната шпионска мрежа, осомничени дека тајно поставиле камери за снимање на инфраструктурата што се користи за испорака на помош во Украина.

Шпионската ќелија наводно веќе имала спремни планови за саботажа.

Полска е еден од најсилните сојузници на Украина и во земјата од почетокот на инвазијата во февруари лани беа уапсени неколкумина осомничени руски шпиони.

Во последниот случај, според властите, групата поставила десетици камери до железничките јазли и на важните сообраќајни правци во полската провинција Подкарпатие, која граничи со Украина.

Дел од камерите се пронајдени во близина на мал регионален аеродром кој е претворен во меѓународен логистички центар за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе