Вести Македонија

Пензионираната професорка Ачкоска во полиција по ФБ статусот за убиен со дрога матурант за што рекла дека направила грешка

Полицијата потврди дека денеска во полициска станица била повикана пензионираната универзитетска професорка и историчарка Виолета Ачкоска во врска со нејзиниот контроверезен ФБ статус за починатиот матурант од Скопје од дрога како и за тоа дека неколку момчиња се фрлале од згради по конзумирњае на опасна дрога.

МВР го негираше изнесеното, а според нивното соопштение и професорката Ачкоска рекла дека слушнала од деца такви муабети, но откако го објавила на ФБ сфатила дека направила грешка.

„Денеска (16.03.2023) во полициска станица при СВР Скопје бил извршен службен разговор со В.А., поради наведени податоци дека гимназијалец бил отруен со дрога ставена во пијалак, во објавен статус на социјалната мрежа Фејсбук, а со цел да се обезбедат евентуални дополнителни податоци во врска со случајот кои лицето може да ги има. В.А. во разговорот појаснила дека нема информација за таков настан, туку дека слушнала муабети од деца, а кога новинари телефонски ја повикале да поразговараат на темата, тогаш сфатила дека направила грешка и го избришала статусот“, соопшти МВР.

Во врска со случајот од страна на СВР Скопје ќе биде известено Основното јавно обвинителство Скопје, со цел добивање насоки за понатамошни мерки и активности.

Полицијата претходно објави дека младо починато момче е најдено на 12-ти март на плочник пред зграда и дека истрагата трае. На телото е извршена обдукција, а во тек се токсиколошки анализи. Истрагата треба да ја открие причината за оваа трагедија. Таа ќе треба да одговори и на сомневањата на блиските на загинатото момче кои беа пренесувани на социјални мрежи и на портали за ставање на опасна дрога во пијалок и за обид случајот без докази да се затвори како самоубиство.

Првичната информација за трагедијата предизвика дезинформации за наводна смрт на неколку момчиња чии тела се најдени во скопскиот Градски парк, но полицијата и надлежните соопштија дека немало такви случаи и дека дезинформациите намерно или несвесно се споделуваат и предизвикуваат паника.

За превенција на кризни состојби кои може да дојдат до самоубистаа,  совети може да се најдат на следната веб страна на Центарот за јавно здравје, додека на интернет нема достапни информации дали има СОС линија за директна помош.

Пред десетина години постоеше таков СОС телефон на Универзитетската Клиника на психијатрија, но подоцна беше утврдено дека воопшто не функционира и никој не одговара. Веб сајтот на Клиниката за психијатрија во моментот не функционира.

Но преку нивната ФБ страна може да се дојде до информација дека има телефони за психолошка поддршка на деца, адолесценти и нивните родители (072 912 676, функционира од 08 до 15 часот само во работни денови) и за психолошка поддршка за возрасни лица (072 919 009). Двете линии се на македонски јазик, а за психолошка поддршка на албански јазик е телефонската линија со број 070 291 657.

МВР со резултати од обдукцијата – пад од височина е причина за смртта за скопскиот тинејџер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе