Вести Македонија Топ вести

МВР со резултати од обдукцијата – пад од височина е причина за смртта за скопскиот тинејџер

Пад од височина е причина за смртта на тинејџерот од скопската гимназија „Георги Димитров“, покажала обдукцијата, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот крена многу прашина во јавноста, но и шпекулации на социјалните мрежи. Според нив, смртта настапила како последица на подметната дрога во пијалок во кафуле, но такво нешто барем засега се отфрла од МВР.

Ова особено ако земе во предвид дека, како што дознава Телма од свои извори, падот од височина е од зграда во која семејството имало стан, а притоа ниту резултатите од токсиколошките анализи сè уште не се готови. Тие треба да дадат одговор на прашањето дали кај лицето воопшто имало присуство на психотропни супстанци или не.

На 12.03.2023 во СВР Скопје е пријавено дека на плочник пред зграда на подрачјето на Центар е пронајден починат Ј.Т. (18). Извршен е увид од полициски службеници и по насока на Јавен обвинител, телото е дадено на обдукција, пришто е утврдено дека починал поради повреди настанати од пад од висина, се наведува во соопштението на МВР.

Веста дека на момчето му била подметната дрога во кафуле на социјалните мрежи ја сподели универзитетската професорка Виолета Ачковска. Таа на Фејсбук напиша дека „гимназијалец“ починал под сомнителни околности, кој по бурните реакции што ги предизвика подоцна беше избришан.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе