Вести Свет Топ вести

Нинисто: Анкара донесе одлука за членството на Финска во НАТО

Финскиот претседател Саул Нинисто објави дека Турција одлучила да ја ратификува кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО и најави дека ќе го посети Истанбул оваа недела за да ја слушне одлуката од турскиот колега  Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Ердоган претходно навести дека ќе ѝ даде зелено светло на Финска и рече дека Турција ќе го одржи ветувањето.

Средбата меѓу Ердоган и Нинисто е договорена за утре… Ратификацијата на барањето за членство на Финска во НАТО ќе мора да помине на формално гласање во турскиот парламент.

Финска, Шведска и Турција постигнаа трилатерален договор на самитот на НАТО во Мадрид во јуни, минатата година, но Анкара постојано изразува фрустрација поради, како што тврди неуспехот на Шведска да ги исполни своите обврски, истовремено истакнувајќи дека е задоволна од напредокот на Финска.

Финска и Шведска ја напуштија својата повеќедецениска политика на воена неутралност и аплицираа за приклучување во западната Алијанса минатиот мај, по руската инвазија на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе