Вести Македонија Топ вести

Познат криминалец од Кочани во бегство, распишана потерница

Адвокати, жители на Кочани кои биле физички нападнати, но и биле  рекетирани од страна на кочанчанецот Александар Стојанов познат како Џуката живеат во страв, бидејќи од вчера за полицијата, судот и обвинителството е во  бегство.

Стојанов бил во куќен притвор, откако му истекол осумдневниот затворски притвор, за физички напад во канцелирајата на адвокатката Цветанка Тунџева на 27 февруари, која е полномошник на неколку жртви.

Стојанов, кој е познат на кочанската јавноста од вчера  го нема во неговиот дом и не е достапен на органите на прогонот. Во Основниот суд во Кочани  денеска Стојанов и Тунџева требаше да се соочат на првото судско рочиште, но клупата на обвинетиот остана празна. Тунџева се прашува зошто кривичниот совет ја донесе одлуката за куќен притвор, по што  повеќекратен сторител на кривични дела се даде во бегство.

Денеска во кочанскиот Основен суд  пристигна и одлуката на штипска Апелација, со која  се укинува одлуката на судскиот кривичен совет на кочанскиот суд  за куќниот притвор на Александар Стојанов.

Тунџева поочува дека Стојанов од денеска требало да се јави и на издржување на четиригодишна казна затвор за кривично дело разбојништо, а токму пред две години физички ја напаѓа и судијката при објавување на оваа пресуда.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека за кочанчанецот Александар Стојанов е распишана централна потерница. Ова не е првпат по овој познат насилник од Кочани  да се распишува потерница.

Викторија ДимитроваЈованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе