Вести Македонија Топ вести

Нов инцидент на небото над Естонија, односите Русија – САД се на најниско ниво, вели Песков

Уште еден инцидент на небото – германски и британски ловци пресретнаа руски авион, којшто наводно не комуницирал со естонската контрола за летање. За време на првата заедничка воена вежба во рамки на НАТО авионите на Британија и Германија во воздушниот простор над Естонија наишле на руски авион, од типот Ил-78, кој се користи за полнење гориво на авиони, наречен „летечки танкер“.

Инцидентот се случил во областа меѓу Санкт Петербург и Калининград. Инцидентот се случува во време на големи тензии меѓу НАТО и Русија поради војната во Украина иако нема докази дека овој инцидент е поврзан со судирот на рускиот борбен авион и американскиот дрон над Црното море, кој се случи вчера. За што САД ја обвинија Русија за несовесно однесување.

Односите Русија – САД се на најниско ниво, но ние не отфрламе конструктивен дијалог, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

  • „Што се однесува до билатералните односи (со САД), знаеме дека тие се на најниско ниво во непристојна состојба. Секако, секоја земја ќе ги поддржува своите интереси во дијалогот. Сепак, Русија никогаш не отфрлила конструктивен дијалог и не отфрла. тоа сега”, рече Песков.

Пентагон соопшти дека оштетениот дрон бил соборен од САД откако стана „нелетачки“, Русија демантираше дека нејзините два борбени авиони Су-27 имале било каков контакт.

Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов беше повикан во Стејт департментот, по средбите со американските официјалници рече дека Русија не сака никаква конфронтација со САД.

За разлика од изјавата во Вашингтон Антонов за руската агенција ТАСС ги обвини САД дека собираат разузнавачки информации, а потоа и ги предаваат на Украина. Инцидентот го нарече провокација и праша – што прават тие илјадници милји подалеку од САД? Украина пак ја обвинува Русија дека сака да ја прошири зоната на конфликти.

Портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, пред новинарите рече дека дека дронот не може да лета и затоа бил соборен, додавајќи дека судирот најверојатно го оштетил и рускиот авион, но сепак авионите можеле да слетаат по инцидентот.

  • „Она што го видовме повторно беше дека борбените авиони фрлаа гориво пред овој UAV и потоа толку се приближија до авионот што всушност го оштети пропелерот на MQ-9. Оценуваме дека најверојатно предизвикал одредена штета и на рускиот авион“, рече Пет Рајдер, портпарол на Пентагон.

Клучното прашање е дали средбата беше само обид на Русија да го попречи американското беспилотно летало и неговата работа – или постоел намерен обид да се собори.

Американските воени претставници изјавија дека конфронтацијата траела околу 30-40 минути и борбените авиони фрлале гориво на дронот на „несовесен, еколошки нездрав и непрофесионален начин“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе