Вести Македонија Топ вести

Маричиќ: Прашање од милион долари е дали владата ќе успее да обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени

Прашање од милион долари е дали владечкото мнозинство ќе обезбеди двотретинско мнозинство до јуни кога владата има зацртано во календарот дека процедурата за промена на Уставот треба да стартува. Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Мариќиќ, денеска во Брисел изјави дека владата вчера на седница разговарала за уставните измени и оти за две до три недели би се формулирале уставните амандмани. Сепак обезбедување на собраниско мнозинството до јуни останува неизвесно.

Но, ако земјава има рок до кога треба да ги спорача уставните измени за да продолжи со втората фаза од преговорите, Европската унија не дава рок колку потоа ќе траат преговорите за членство на земјава. Европските претставници на денешниот брифинг за македонските новинари изнесоа став дека владата во Скопје треба да биде пореалистични во поставување на роковите до кога би биле завршени преговорите. Инаку рокот кој си го постои македонската влада за членство е 2030 година.

Дипломатите во Брисел пак очекуваат смирување на тензиите меѓу Скопје и Софија и ппостигнување на трајна доверба меѓу двете земји, по примеро на Македонија и Грција, што би му дала нова динамика на процесот на пристапување на земјава во Европската унија.

Во тој контекст пак денеска во Брисел започна скринингот на четвртиот кластер со поглавјата 21 и 14 – Транспортни мрежи и транспортни политики.

Во меѓувреме Европската комисија ги подготвува извештаите и за првиот и за вториот кластер, Основни вредности и Внатрешен пазар, за кои вицепремиерот Мариќиќ очекува да бидат завршени најдоцна за еден месец.

Европските претставници соопштија дека извештајот за првиот клатсер ќе и биде доставен на земјава пролетва откако ќе биде одобрен од сите змеји-членки на Унијата. Во Европската комисија не очекуваат какви било билатералнни пречки при усвојувањето на извештаите за кластерите, со огле дека тие треба да се водат од европските стандарди кои ттреба да ги исполни земјава за да стане членка на Унијата.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе