Вести Македонија Топ вести

Директорот на Агенцијата за филм ги демантира наводите на Транспаренси Интернешнал за судир на интереси при одлучувањето за филмовите од ланскиот конкурс

Ниту едно споменато лице нема никаков конфликт на интереси при распределувањето на парите од ланскиот конкурс на Агенцијата за филм, за подршка на долгометражни и краткометражни филмови. Со овие зборови директорот на Агенцијата , ја демантира претседателката на Транспаренси Интернешнал-Македонија, која вчера на прес кажа дека по претставка на режисерот Милчо Манчевски спровеле мониторинг и анализа за начинот како се распределувале средствата од конкурсот, при што утврдиле судир на интереси во два случаи. Лазаревски покажа писмена изјава од Сашко Мицевски, со која тој го повлекол неговиот проект од конкурсот, се изземал од членството во Филмскиот совет, а и Советот не дозволил да се одлучува за неговиот филм. А, на барање на продуцентот на филмот на режисерката Ана Опачиќ, проектот бил повлечен од одлучување откако таа склучила договор со Агенцијата да биде рецензент на апликациите за краткометражни филмови.

Од моментот кога Ана Опачиќ склучува договор со Агенцијата за филм , за евалуација на истоимените проекти во втор рок на одлучување, продуцентот поднесува барање за повлекување на самиот проект во фаза на одлучување. Телата на одлучување и телата кои даваат мислење за прифаќање или одбивање на истите тие проекти, не ја земале предвид изјавата , односно не дозволиле тој проект во кој учествува Сашко Мицевски да оди во фаза на одлучување – Бојан Лазаревски- директор на Агенцијата за филм.

Директорот на Агенцијата покажа и документ од спроведен вонреден надзор од инспектор во Министерството за култура, во 2020 година, во кој се вели дека Бранко Петровски – член на Филмскиот совет и финансиски советник и Ана Василевска- член на Советот и рецензент, не го кршат Законот за филмска дејност зашто како вршители на тие надлежности не конкурирале со свои проекти во Агенцијата. Двајцата беа разрешени од Советот по претставка од Манчевски, а Транспаренси реагираше дека одлучувале на конкурот на кој тој се јавил.

Сите документи од ланскиот конкурс, од фаза на апликации до одлуки Агенцијата за филм ги испратила до Транспаренси Интернешнал без пролонгирање и не е јасен мотивот, вели Лазаревски, за искривување на вистината од страна на Тасева.

Во вториот рок од ланскиот конкурс на Агенцијата за филм, најмногу пари-713 илјади евра доби филмот „ Белиот“, на Игор Иванов. А, на второ место е филмот на Милчо Манчевски „ Биста“, за кој се одобрени 453 илјади евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе