Вести Свет Топ вести

Циклонот Фреди однесе над 190 човечки животи во Малави

Циклонот Фреди, една од најсилните бури што некогаш се регистрирани на јужната хемисфера, однесе најмалку 190 човечки животи во Малави. Големите поплави и обилните дождови ги оштетија патиштата и мостовите, отежнувајќи ги спасувачките операции.

Одделот за управување со катастрофи соопшти дека 584 лица се повредени, а 37 сè уште се водат како исчезнати. Ситуацијата дополнително се усложнува поради лизгање на земјиштето предизвикано од големите количини на вода од обилните дождови кои ја зафатија таа африканска земја, па повеќе од 22.000 луѓе побараа засолниште далеку од нивните домови.

Спасувачките тимови се соочуваат со големи проблеми на терен, претставниците на спасувачките тимови информираат дела луѓето буквално се заглавени во базени од кал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе