Вести Македонија Топ вести

Рашковски се брани во „Софтвери“: И Илон Маск би напишал иста спецификација како мојата за тендерот

Еден прилично скромен човек, пред сè домаќин, татко на три деца. Професор на Правниот факултет. По некоја животна случајност и генерален секретар на Владата. Ако треба да издвојам, човек кој ги сака луѓето, а понатаму човек кој е семеен – родителите ме научиле дека моралот и етиката никогаш не смеат да бидат доведени во прашање.

Вака Драги Рашковски се претстави себеси денеска во судница каде што дава одбрана во случајот „Софтвери“ како првообвинетиот во случајот со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

Наведувајќи ги своите научни трудови, книги и патентите, чиј автор е, тој тврдеше дека софтвер не може да се патентира кај нас ниту во Европа, туку може систем, а она што го купил како генерален секретар е различно од системот што тој си го патентирал.

Тој ги негираше вештачењата на обвинителството дека софтверот бил нефункционален бидејќи, како што рече, тој бил тестиран, за што, како пример ја наведе „Партизанска“ во Скопје каде што се случуваат најмногу сообраќајки во државата. Резултатите, рече Рашковски, покажаа дека 80 отсто од возилата ја пречекориле брзината на движење, што немало да се покаже ако софтверот не бил функционален. Исто така, додаде Рашковски, софтверот бил тестиран и на делницата Миладиновци-Штип.

Тој тврдеше и дека не е точно дека ја фаворизира „Инвока груп“ да го добие тендерот, а за нејзиниот сопственик, Даниел Станчев, кој е еден од обвинетите, рече дека го знае од студентските денови во домот „Пелагонија“, но никогаш немале интензивна комуникација ниту биле блиски. Неговата фирма, убедуваше Рашковски, законски го добила тендерот благодарение на тоа што дала најниска понуда.

Со техничките спецификации што се барале во тендерот, според поранешниот генерален секретар, не се феворизирал никој бидејќи таа била направена така што „немате некои посебни ограничувања и не треба да се има какви било познавања за да се направи“. Тоа, вели Рашковски, може да го направи кој и да е.

„Да му кажеме на Илон Маск, напиши ни техничка спецификација за софтвер за определување просечна брзина, ќе ни ја напише истата, сето тоа што јас сум го напишал. Не е направено да ограничува ниту со техника, ниту со технологија, ниту со програмски јазик или што било. Нема специфицирање на она како треба да биде. Ако сакате да ограничите ништо, ќе изберете програмски јазик што го знаат многу малку луѓе во државата”,

сведочеше Рашковски.

По давањето одбрана за софтверот за сообраќајни прекршоци, односно за определување просечна брзина на возилата, Рашковски продолжи да одговара на прашања за другите набавки за кои се гони со обвинението.
Судското рочиште е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе