Вести Свет Топ вести

Бахмут стана зона на немилосрдно убивање меѓу Украинците и Русите, реката Бахмутка во црвена боја

Продолжува руската опсада на Бахмут. Градот, кој пред војната броеше околу 70.000 жители, денеска е сведен на околу 5.000 кои се под притисок на гранатирања и борби кои во последните недели се претворени и во улични, па и подземни и секојдневно ескалираат.

Руските сили, потпомогнати од платеничката група „Вагнер“, веќе половина година се обидуваат да го заземат градот на што украинските одбранбени сили, барем засега, одолеваат и ги одбиваат нападите. И едните и другите се фокусирани на зацртаните цели и покрај големите загуби што ги бележат во луѓе и опрема.

Градот кој, според западни аналитичари, освен симболична, нема преголема стратешка вредност и нема драстично да го смени текот на војната, стана втор Мариупол и синоним на украинскиот отпор во војната со Русија. Претседателот Володимир Зеленски нареди задржување на позициите на украинските сили во и околу градот по секоја цена, со намера да се нанесат што поголеми загуби на Русите, но и за купување на време за долгонајавуваната пролетна контраофанзива на Украинците.

Последните сателитски снимки од Бахмут, во кој реката Бахмутка го дели на северен и на јужен дел и претставува линија на фронтот, покажуваат оштетени мостови, патишта и згради, малиот индудстриски град во регионот на Доњецк, на украинскиот исток, е претворен во град на ужасот и зона на немилосрдно убивање меѓу двете страни.

Воени дејствија на руските сили се забележани и на други локации во реонот на Доњецк. Ракетни напади и гранатирања се забележани и во градот Константиновка кој е под контрола на Украинците. Украинските власти јавија дека Русите во нападите користеле ракети С-300 и касетна муниција, пришто биле повредени осум цивили и десетина објекти на цивилната и критичната инфраструктура.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе