Вести Македонија Топ вести

Поголема група час по полноќ, претепале три лица во Бутел -нападнатиот полицаец кој не бил на смена, пукал во воздух за да се одбрани

Неколку минути по полноќ,  на булеварот Христијан Тодоровски „Карпош“ се одиграла крими сцена како од филм.

Автомобил марка „БМВ“ и возило „Цитроен“ му го попречиле движењето на реното кое доаѓало од правец на Чаир.

Трите лице меѓу кои и полицаец биле извлечени од возилото и крвнички тепани. Полицаецот, кој не бил службено, го извадил пиштолот и испукал во воздух.

Тој ќе одговара пред внатрешната контрола, останатите двајца закрепнуваат од ќотекот на клинички, две лица се приведени, три избегале а полицијата распрашува и прегледува снимки за да ги открие мотивите за овој инцидент.

Прашан, Спасовски вели дека е тешко да се поврзат пукањето во „Шиша“ бар и овие ноќни пресметки.

Но, дека криминалното подземје се бранува по двојното убиство на Кривањева и Исени е јасно бидејќи на полицијата и обвинителството заклучиле дека поводот за пукањето е нарко- пресметка.

Полицијата работи на расветлување на случајот, но истрагата мора да се крие, порача Спасовски кој потврди дека се трага по петмината убијци.

Во телата на Кривањева и Исени завршиле 40-50 куршуми, покажал обдукциониот наод.

Обвинителите собрале изјави и од сведоците во просторијата од кобната вечер кои го преживеале нападот.

Се прегледуваат и видео снимките од „Безбеден град“,  но сеуште нема приведени, а ниту трага од петммината кои влетаа во „Шиша“ бар и пукаа во нивните мети.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе