Вести Свет

20 години од атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ

Во Белград денеска беа одбележани 20-години од атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Функционери и активисти на Демократската партија (ДС) се упатија кон Новите гробишта во Белград, каде положија венци на гробот на Ѓинѓиќ во Алејата на заслужните граѓани.

Венци положи и вдовицата на убиениот премиер Ружица Ѓинѓиќ и алумни на Фондацијата „Д-р Зоран Ѓинѓиќ“,

Премиерот на Србија Зоран Ѓинѓиќ беше убиен на 12 март 2003 година.

Неколку часа по убиството, српската влада прогласи вонредна состојба во Србија, а како сторители веднаш беа осомничени членовите на земунскиот криминален клан и дел од Единицата за специјални операции (ЈСО) на српското МВР.

За време на вонредната состојба, која траеше до 22 април 2003 година, полицијата уапси повеќе од 11.000 луѓе во операцијата Сабја, меѓу кои и политичари, високи воени офицери и носители на судски функции.

Во август 2003 година беше покренато обвинение против 44 лица за учество во организацијата на убиството, а судењето започна на 22 декември истата година во Окружниот суд во Белград.

На 23 мај 2007 година, судот ги прогласи за виновни обвинетите, кои беа осудени на вкупно 378 години затвор.

По 40 години затвор беа осудени поранешниот командант на ЈСО Милорад Улемек Легија и неговиот заменик Ѕвездан Јовановиќ како непосреден извршител на убиството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мемов: Граѓаните покажаа дека се државотворни, го избраа својот нов претседател

Дејан Дејан

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Меџити: Коалицијата Вреди е победник во албанскиот кампус, Али Ахмети е најголем губитник

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе