Вести Македонија Топ вести

Стојаноски: Груби и Ковачевски избрале кинеска фирма за надзор на коридорите 8 и 10, дали во позадина се крие бенефит за власта?

Артан Груби се избламира себе, а ја избламира и Македонија, за надзор на изградбата на Коридорите 8 и 10д првин избрал руска фирма, а сега кинеска, велат од ВМРО – ДПМНЕ.

„Надзорот над американската Бехтел во Македонија заради Груби ќе го врши кинеската ЕПТИСА, која од 2016 година е во целосна сопственост на кинеската ЈСТИ Груп, а од 2022 година целиот врвен менаџерски тим е составен од кинези, па така Шаонин Жу е потпретседател на бродот на директори на Ептиса, Чао Ванг финансиски шеф на Ептиса и Јиран Меи менаџер на Ептиса се раководниот кадар на спорната компанија за која владата иако велеше дека е криминална ја одбра за надзор на проект вреден скоро 2 милијарди евра“, истакна Бојан Стојановски од ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

Тој потсети дека Груби велеше дека ова не е истата ЕПТИСА, да оваа ЕПТИСА од 2022 покрај тоа што е со целосно кинески капитал, а во целост водена од кинези, бидејќи кинез е главниот извршен директор.

„Не знаеме дали овие кинези на Груби му личат на шпанци, но знаеме дека го искомпромитира целиот проект и подобро е сега да се поништи постапката за надзорот и да се избере нов, отколку подоцна сите да ги платиме последиците кои може да дојдат“, рече Стојановски.

ВМРО – ДПМНЕ побара ЈО да отвори случај за изборот на надзорот, и со големо внимание да ја земе предвид и изјавата на државниот секретар на САД Помпео, кој предупредува на корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе