Вести Македонија

Топ Тема – Целта на протоколот за постапување со дојавите за бомби е да се неутрализираат тие дојави

Во однос на новиот протокол за постапување при случаи на дојави за бомби, кој го најавија и министерот за внатрешни работи, Спасовски и премиерот Ковачевски, па и Министерството за Образование, директорот на средното училиште „Владо Тасевски“, Александар Сибиновски, изјави дека тие веќе и досега имале интензивна комуникација со МВР.

„Се што треба да направиме е да се потрудиме, на некој начин, секоја дојава, да на некој начин ги неутрализираме тие дојави. Секое училиште, зборувам за град Скопје, има одредени протоколи и во нормални услови. Сега дополнително со сите насоки кои ни ги даде и МОН а ги добиваме и од МВР, се однесува на тоа максимално добро да го обезбедиме училиштето, за влез и излез, односно да се контролира секое, поготово надворешно лице, кое што не е дел од наставниот кадар или од учениците. Имаме дежурства од страна на наставниците, имаме приватно обезбедување кое е за цело времетраење на наставата. Има дури и дежурства од ученици, кои не се директно вклучени во проверките, туку во смисла дека најдобро се познаваат децата кои се од тоа училиште. Во однос на официјалните насоки од МВР, има дел од информациите кои се класифицирани, кои ќе почекаме МВР да соопшти што треба да оди во јавност. “ – изјави Сибиновски.

Директорката на ОУ „11-ти Октомври“, Даница Блажеска, изјави дека тие имаат обезбедување ангажирано од страна на општината и секој влез на надворешни лица е сведен на минимум, дури и родителите не влегуваат на училиште, се со цел да имаат децата побезбедна средина.

„Покрај обезбедувањето, од утрово има и претставници од МВР. Можеби тие проверки пред почетокот на наставата, може да дадат придонес. Присуството на полицијата дава една сигурност. Психолошки делува и врз родителите и врз децата, кога ќе видат преставници на полиција, дека состојбата е под контрола. “ – изјави Блажеска.

Универзитетскиот професор, Злате Димовски, дека треба да разбереме дека целта на дојавувачите за поставени бомби е токму таа, да се зголеми мобилизацијата, да се трошат ресурси на обезбедувањето.

„Овие дојави за бомби само психолошки делуваат. Немаат намера да постават било што. Не сакам да се разбере дека јас го негирам тоа што се прави. Она што е битното овде е дека навистина делувањето од нивна страна е имагинарно, со делување психолошко. И ние што и да сториме, колку и да има полициски службеници, родителот секако ќе биде под тензија, што прави и до каде е неговото дете. Тие целта ја постигнуваат. Нивната цел не е да има експлозија или терористички напад. Напротив, психолошки да се делува и тоа и го постигнуваат.“ – оцени Димовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сопругот загина, две малолетни деца и сопругата повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Крупиште

Дејан Дејан

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе