Вести Култура

Почитувањето на различните култури и јазици во Македонија е плод на борбата за слобода и за признавање на јазикот и државата

Почитувањето на сопствените корени и традиција мора да се преточи во завет за идните генерации, со порака за толеранција и прифаќање на различностите. Ова го кажа директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, на денешното чествување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, промовиран како ден на лингвистичката, културната разновидност и мултилингвизмот. Според директорката на Институтот, почитувањето на различните јазици во Македонија, е плод на борбата за слобода и признавање на јазикот и државата.

Почитувањето на различните култури и на различните јазици произлегува од многувековната борба за слобода и признавање на македонскиот јазик заедно со македонската држава. Но, и од соживотот на балканските простори од памтивек, во лингвистичките кругови претставен преку Балканскиот јазичен сојуз, вели директорката Елена Јованова – Грујовска.

Цитирајќи го колосот на современиот македонски литературен јазик, Блаже Конески, ректорот на УКИМ со порака – додека го чуваме македонскиот јазик, ја чуваме и татковината.

Како што вели Блаже Конески, јазикот е единствената наша татковина. Се додека го чуваме, го негуваме, го вардиме, го гледаме јазикот наш македонски, ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште, порача проф. д-р Никола јанкуловски.

Македонскиот јазик е наш идентитет и културно наследство, кое ниту се одзема, ниту се дава, кажа министерката за култура.

Ние Македонците, нашиот мајчин јазик го вреднуваме како културно наследство, кое ниту се одзема, ниту се дава, ниту се подарува. Македонскиот јазик е нашиот идентитет, темелот и срцето на нашата нација, смета министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Во рамките на чествувањето се одржа час по мајчин јазик што го водеше професор- д-р Лидија Тантуровска.Меѓународниот ден на мајчиниот јазик е прогласен од УНЕСКО на 21 февруари 1999 година, во спомен на бенгалските студенти кои го дадоа животот 1952 година, борејќи се нивниот мајчин јазик да стане официјален во Пакистан.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе