Вести Македонија Топ вести

Вештите хакери ги натераа институциите на транспарентност – Владата од утре со задолжение за сите државни институции со обемни компјутерски системи

Под превезот на транспарентност, а како жртва на вешти хакери – ФЗО сега е појдовна точка за исправање на пропустите и недоследностите во компјутерските мрежи и системите на сите институции. Проблемот со хакерскиот напад на Фондот се уште е актуелен, а бројните прашања и дилеми кои се отворија со тоа утре ќе бидат разгледувани на владина седница. Сега не е прашање на избор туку станува збор за наредба. Вицепремиерката за добро владеење Грковска, во име на Владата испорача неодложно барање до институциите да инвестираат во сајбер-заштита, затоа што тоа не е луксуз.

  • На утрешната седница на Влада предлагаме информација со точки и задолжувања кои сите институции сега ќе мора неодложно да ги направат за да можат да ја подигнат сајбер-заштитата на нивните институции, изјави Славица Грковска – Вицепремиер задолжен за политики за добро владеење

Надлежните сега уверуваат дека податоците од Фондот за здравствено осигурување се спасени, но останува да виси прашањето за одговорноста и вината во целата ситуација – зошто се дозволи да дојде до тоа и какви се сегашните, постоечки начини на одржување на најважните системи.

  • Ако имате бекап – вратете оттаму. Ако немате, е тогаш работата станува многу покомплицирана. Едната опција е да им платите на криминалците и тие ќе испорачаат клуч. Но, никој не гарантира дека тој клуч совршено добро ќе ги декрпитира податоците. Дури е сосема можно да тој криптовирус е напишан да шифрира податоци, но едноставно некој да не бил толку внимателен во делот на програмата којашто ги дешифрира податоците, па да направи грешки. И тоа е ризик. Може и да платите пари, а хакерот да ви прати ѓубре – и тоа се случува, вели Божидар Спировски – ИТ Инженер

Претходно премиерот Ковачевски во своја изјава потврди дека станува збор за т.н.„ Рансомвер“ – малициозен софтвер кој ги собрал податоците од Фондот. Хакерите барале откуп за ослободување на системот и негово враќање во функција. А, шпекулациите беа откупот го побарале во биткоини, но од МВР не дадоа потврда за такво нешто.

 Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе