Вести Македонија Топ вести

Наставници и в.д. директори на училишта бараат од Испитниот центар и од МОН да создадат услови за дополагање на испитот за директори

Дојдоа во паркот пред МОН околу 20, а нивниот проблем засега вкупно 111 просветни работници. Наставници кои сакаат да напредуваат во кариерата и в.д. директори на основни и средни училишта, протестираа пред МОН зашто повеќе од една година Државниот испитен центар не им дава можност да го доположат менаџерскиот испит, за да се стекнат со лиценца која ќе ја приложат на оглас за директори на училишта, студентски домови или граѓански универзитети. Гневни се бидејќи средствата ги уплатиле во октомври 2021 година, обуката како што велат била спроведена дури ланското лето, а првите два дела од менаџерскиот испит ги полагале во ноември. Но, по период на молк, од ДИЦ добиле известување дека испитната сесија е укината и неважечка поради пробивање на роковите за полагање, кои Испитниот центар сам ги одредил. Сега бараат од в.д. директорката на ДИЦ и од министерот за образование да им се признаат положените два дела од испитот и да го полагаат третиот дел.

  • Бараме во најкраток можен рок до крајот на овој месец да постапат по нашето барање и да ни овозможат бранење на завршните трудови, со цел стекнување лиценца за директори, изјави м-р Магдалена Петреска- одделенски наставник

Директорката на Испитниот центар, Благица Павловска, вели дека поради утврдени неправилности од Просветниот инспекторат, сесијата била поништена.Но, не одговори дали до крајот на месецот ќе се организира полагање на последниот дел од менаџерскиот испит. А, од МОН со одговор дека се во комуникација со ДИЦ и дека очекуваат во најскоро време да се реализира полагањето.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе