Вести Македонија Топ вести

Фалише и Сараќино три недели без вода за пиење, екипите на тетовски водовод на терен

Жители на Фалише воедно и родители на деца апелираат што поскоро локалните власти да најдат решение со прекинот на вода за пиење што трае веќе три недели, односно од 1 февруари. Како родители на деца, ученици стравуваат за опасноста од заразни болести во училиштето каде исто така, според нив, нема вода.– Во период на висок технолошки развој, демократија и урбан начин на живот, тетовските села Сараќино и Фалише, кои се близу до град Тетово се без капка вода, жедни и оставени на самите себеси. Водата е основен елемент за преживување, а жителите на Фалише и Сараќино тоа го немаат во 21 век. Се работи за населени, развиени и живи места. Градоначалниците и локалната самоуправа да се преиспитаат и да помогнат, а не само пред избори да се сликаат! Не треба гласачко тело само, потребно е човек да си. Да се огласат и директорите на училиштата и да обелоденат дека во мизерни услови учат учениците, без вода, се вели во дописот на жителите до медиумите.

Тие велат дека биле информирани за правањето на бушотина во Фалише, но не добиле одговор кога конечно ќе се добие вода за пиење.

  • Повеќе пари даваме за вода за пиење отколку за храна. Во оваа криза недозволиво е да се прави ова. Кога ќе добиеме вода за пиење од новата бушотина никој не ни кажува, кога ќе биде ископаната дупката, кога ќе се испита, кога ќе се изгради соодветна заштита за бунарот. Никој не не информира, велат жителите.

Од работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово досега информираа дека за постапките околу новиот начин на водоснабдување но нема одговор кога конечно ќе се реши прекинот.

  • Почна да се копа бунар на 50 метри длабочина во земјата да се најде извор со вода како решение за Фалише и Сараќино има прекин во водоснабдувањето. Граѓаните да имаат трпение затоа што ова ќе биде долготрајно решение и нема повеќе да има проблеми со водоснабдувањето како досега, информираше Љуљзим Шаќири, раководител на работната единица „Водовод“ при ЈКП Тетово.

Кога ќе се заврши бушењетопотребно е да се стават пумпифреквентен регулатор за одржување и регулирање притисок на вода како и нивелирање на водени удари, за да се опслужуваат двете села

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе