Вести Македонија Топ вести

Сведоци на трагедијата во модуларната болница – се случи премногу брзо

Во Основниот суд во Тетово денеска продолжи судењето за случајот со модуларната болница. Во судницата денеска се сослушуваат сведоците на обвинителството.

Повикани да дадат свое видување се медицинските сестри кои вечерта кога се случи трагедијата биле на смена и родителите на една од жртвите. Во своите сведоштва сите кажуваат дека се се случувало многу брзо.

Прашањата на рочиштето се насочени кон тоа дали во модуларната болница била дозволена посета на пациентите, дали на објектот бил истакнат знак со забрана за посета и дали објектот имал чувар.

Меѓу прашањата беше побаран одговор и за тоа дали во објектот имало противпожарни апарати.

За денеска  предвидено е да бидат сослушани и вештите лица. И денешното рочиште беше одбележан со мирен протест на граѓани кои бараат правда за доктор Бобан кој е еден од обвинетите за случајот. За него велат дека е нивниот херој за време на пандемијата од корона вирусот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе