Вести Свет Топ вести

Германија на Украина ќе ѝ испорача „половина баталјон“ тенкови „Леопард 2“

Спротивно од првичните ветувања, алијансата од земјите коишто ќе ја снабдат Украина со тенкови за справување со руските трупи ќе може да испорача само половина баталјон од модерната верзија тешки офанзивни тенкови „Leopard 2 A6“, и уште еден батаљон А4 на кои на почетокот од следната година ќе им се додадат и 120 тенкови позастарена варијанта односно Леопард 1 тенкови кои не треба да се потценуваат изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус на маргините на состанокот со своите колеги од НАТО во Брисел.

Германскиот весник Die Welt пак објави дека Холандија и Данска нема да е приклучат на „тенковската алијанса“, што би довело до дополнително намалување на ветените тенкови.

Писториус потврди дека Холандија ќе се ограничи на испорака на муниција за тенковите, додека Данска сѐ уште ги проценува опциите за своето учество.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе