Вести Македонија Топ вести

Државниот пазарен инспекторат издаде над 150 прекршочни платни налози со вредност над  5 и пол милиони денари во првата половина на февруари

Државниот пазарен инспекторат во периодот од 30.01 до 12.02.2023 година година има извршено над 1.100 инспекциски надзори на целата територија на Република Северна Македонија.

Во наведениот периодДржавниот пазарен инспекторат издаде над 150 прекршочни платни налози со вредност над  5 и пол милиони денари, од кои:

  • 45 прекршочни платни налози по Закон за трговија
  • 16 прекршочни платни налози по Закон за угостителска дејност
  • 16 прекршочни платни налози по Закон за заштита од пушењето
  • 2 прекршочени платни налози по Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрира на дејност
  • 3 прекршочни платни налози по Закон за метерологија
  • 79 прекршочни платни налози по Закон за финансиска дисциплина
  • 2 прекршочни платни налози по Закон за заштита на потрошувачи

Државниот пазарен инспекторат врши континуирани инспекциски надзори кај трговците на големо и мало во делот на почитување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата. Секое отстапување  однајвисоко утврдената маржа од 5% и 10% во трговијата на мало и трговијата на големо се санкционира согласно Законот за трговија.

  • Во горенаведениот период на територија на Република Северна Македонија се извршени 38 инспекциски надзори по Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки односно за ограничување на маржата, при што не се констатирани прекршувања и непочитување на Одлуката, соопштуваат од Инспекторатот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе