Вести Македонија Топ вести

Продолжува собраниската седница за реконструкција на владата

Во Собранието денеска треба да продолжи дебатата за реконструкцијата на Владата, со која во владината коалиција влегува „Алијанса за Албанците“, која има осум пратеници, а излегуваат „Алтернатива“ и Демократскиот сојуз (ДС).

Пратениците од власта во дебатата на вчерашната собраниска седница за разрешување на министрите од „Алтернатива“ со фокус на постигнатите резултати и европскиот пат на земјата, отфрлајќи ги тезите на опозицијата и барањата за избори. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, пак, со повторни барања за избори и обвинувања за корупција и криминал и „пазар 3“ разговори за новата коалиција со „Алијанса за Албанците“.

Пратениците вчера и во попладневниот дел од продолжението на 104-тата собраниска седница продолжија со дебатата за Предлогот за разрешување на министри и заменици-министри од „Алтернатива“, односно за разрешување на министерот за здравство, Беким Сали.

Засега е неизвесно до кога ќе трае заседанието за реконструкција на Владата, од причина што според собранискиот Деловник, за разрешување на министри се предвидува седница за која времето за дискусија не е ограничено.

Според член 221 од Деловник, Предлогот за разрешување на член на Владата, претседателот на Владата го поднесува во писмена форма до претседателот на Собранието и може да го образложи. По предлогот за разрешување на член на Владата, Собранието одлучува на првата наредна седница.

„По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес. Членот на Владата за кого е поднесен предлог за разрешување може да се изјаснува по предлогот во траење од 15 минути“, се посочува во членот 221 од собранискиот Деловник.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе