Вести Македонија

Македонските Бугари на средба со шефот на дипломатијата Бујар Османи- најавена поинтензивна соработка

Претставниците на македонските Бугари конечно седнаа на маса со македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, да разговараат. Размена на мислења за прашања и предизвиците кои ја засегаат бугарската заедница во земјава како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата, е она што е наведено во штурото соопштение од МНР по средбата, која не ни беше најавена за медиумите.

Малку поконкретно што било разговарано на средбата откри, Ѓорѓи Трендафилов, од Граѓанско демократската унија, кој заедно со претседателот на клубот „Иван Михајлов“ од Битола Љупчо Георгиевски, денеска во име на македонските Бугари разговарале со Османи. Тренадафилов средбата со Османи ја нарече корисна.

Освен што го информирале шефот на дипломатијата за средбите кои пред десетина дена ги имале во Брисел со претставници на Европската комисија и Европскиот парламент со барање да помогнат се смират тензиите на релација Македонија и Бугарија, Трендафилов информираше дека со Османи конкретно не разговарале за спорните имињата на бугарските клубови во земјава, а на состанокот иако ја отвориле темата за говорот на омраза во медиумите кон Бугарите, таа не доминирала во разговорите.

Тренадафилов по средбата со шефот на дипломатијата даде и свој комнетар за резолуцијата на Советот на Европа со која се отфрлија амандманите на Бугарија дека во Македонија има системска дискриминација на Бугарите.

Средбата на македонските Бугари со шефот на македонската дипломатија уследи откако тие во изминатите месеци, по неколку инциденти поврзани со бугарските клубови и нивните членови, се најдоа во центарот на препукувањата меѓу Скопје и Софија, околу нивнито третман во земјава. Османи поканата за средба со претставниците на македонските Бугари ја упати пред околу три недели од Софија кога беше да го посети претепаниот секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети од Охрид.

Тамара Грначароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе