Вести Свет Топ вести

Итна хуманитарна помош им е потребна на 18 милиони Украинци

Додека руската офанзива продолжува, волонтерите на украинскиот Црвен крст продолжуваат да ги евакуираат неподвижните пациенти од болниците во регионот на Доњецк. Тие ги транспортираат од болница до медицинскиот воз на „Лекари без граници“ со којшто патуваат во побезбедните региони на Украина. Една од евакуираните е Свитлана Труба од Славјанск, вели, срце ми се кине, не можам да заминам.

  • Нема на долго да заминеме. Таму ќе биде безбедно. Подоцна ќе се вратиш. Сè е во ред. Тоа е тоа, не плачи, ја теши една работничка од Црвениот крст.
  • Не сакам да заминам. Не сакам да го напуштам Славјанск. Срцето ми се кине. Го оставам зад себе. Боже, те молам помогни му на Славјанск, Боже те молам помогни ѝ на Украина, помогни ни на сите, вели Свитлана Труба, жителка на Славјанск.

Руските сили гранатираа 17 градови и села во регионот на Доњецк и Луганск, додека на југ градот Херсон во текот на 24 часа беше цел на напади, уништена е железницата и многу стамбени згради.

  • Во моментов е многу важно да се евакуираат луѓето од овој регион. Борбите сè уште продолжуваат, а е зима. Опасно е и студено. Се уништуваат топлинските мрежи. Сега нема начин луѓето да се загреат, рече Олександр Лаврениук, шеф на украинскиот Црвен крст.

Според проценките на ОН минатата година во Украина се убиени 7.000 цивили, што е многу ниска бројка, а 12.000 цивили се повредени, стотици деца има меѓу нив. Од некогаш 43- милионското население, во Украина се уште живеат 36 милиони луѓе, потреба од итна хуманитарна помош имаат 18 милиони.

  • Денес бараме 3,9 милијарди долари за овогодинешниот план за хуманитарен одговор во Украина. Над 11 милиони луѓе се цел на овој план за одговор. И како што веројатно знаете, има скоро 18 милиони луѓе кои имаат потреба, како и обично, со овие планови. Поголемиот број од оние кои не станаа дел од фокусираниот приоритет на самиот план, 18 милиони од 43 милиони предвоено население. Намален е сега, се разбира, на многу помалку, 36 милиони сè уште живеат во Украина. Значи 18 милиони, половина од оние што живеат во Украина имаат потреба од помош и ние целиме над 11, истакна Мартин Грифитс, заменик генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања.

Московските сили притискаат на истокот на Украина додека ги зајакнуваат своите одбранбени линии на југ. Остриот отпор на Украина и оружјето од Запад помогнаа да се спречат амбициите на Кремљ да го освои целиот источен регион Донбас. Но, останува ризикот дека во некои области силите на Киев би можеле да бидат совладани. Се очекува двете страни да започнат офанзиви кога ќе се подобри времето.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе