Вести Свет Топ вести

Европратеници бараат оставка од Вархеји

Европските пратеници бараат од комесарот за проширување Оливер Вархеји да поднесе оставка поради вчерашниот инцидент што се случи во Европскиот парламент додека комесарот одговараше на пратенички прашања за проширувањето со Западен Балкан.

Камерите го снимија унгарскиот комесар Вархеји како пратеници ги нарекува „идиоти“.

Откако одговорил на прашање од пратеник, седнал и наводно на унгарски рекол „колку уште други идиоти има?“

Дел од пратениците бараат и истрага за комесарот.

 Вархеји денеска рече дека неговата изјава  е „извадена од контекст“, („колку уште други идиоти има?“) која ја изговори откако одговори на прашање на хрватскиот претставник Томислав Сокол во дебатата за политиката на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе