Вести Македонија

Деаноски: Само министерот за финансии знае зошто не се префрлаат предвидените 0,8 проценти од БДП за судскиот буџет

Државата ниту еднаш изминативе 10 години не ги префрлила предвидените според законот 0,8 проценти од БДП во судскиот буџет, тврди претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Деаноски рече дека додатоците на плата судиите и обвинителите ги добиваат за „мир во куќа“.

За да обвинителите и судиите не тужат и да бараат тоа што им следува. Во судовите имаме ситуација да судиите добиваат 20 проценти додаток на плата а на службениците 5, а во обвинителството се скратени и тие 5 посто, и тие се даваат на обвинителите, рече Деаноски.

Тој потсети дека речиси една година во Собранието се заглавени законите за судиите и јавните обвинители, според кои треба да добијат 15 проценти зголемување на платите.

Судовите се независни и со закони со устав. Имате независен судски буџет, каде што секоја година, согласно законот, државата од 0,8 до 1 посто од БДП на државата треба да им ги префрли на судовите. Државата до сега 10 години нема префрлено 0,8 посто никогаш, префрла од 0,3 до 0,4 проценти. Тие пари што ги префрла не се доволни за ништо. Истата ситуација е и во обвинителството. Тие пари што треба да ги префрла не ги префрла, а зошто не ги префрла во целиот износ, знае само министерот Бесими, категоричен беше Деаноски.

Вели дека дури и компјутерите на кои работат обвинителите и судските службеници се донации.

Кога ќе ги видите каде работат, и во какви услови работат колегите, еве судовите и обвинителствата, ќе видите дека секој компјутер е донација на УСИД, или на Европска банка за обнова и развој. Зошто тогаш Фатмир Бесими не предвиде некои средства со кои што ќе ги подобри условите за работа. Зошто не предвиде средства за  зголемување на плати, за зголемување на додатоци на плати. Тоа не е само така во правосудниот систем, така е во секоја државна институција, во секој буџетски корисник, дали тоа било од прв ред, дали тоа било од втор ред, тврди Деаноски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе