Вести Македонија Топ вести

Заканите за државен удар не се ништо ново за Молдавија

Известувач од Кишињев

Огнен Чанчаревиќ

Во екот на политичка бура и безбедносни закани во Молдавија, македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи, во својство на претседавач на ОБСЕ, се сретна претседателката Маја Санду и министерот за надворешни работи, Нику Попеску и им порача дека ќе стори сe разговорите со претставниците на отцепената автономна област Транснистрија да продолжат и на крајот да има реинтеграција на сите области во рамките на меѓународно признатите граници на државата.

Молдавскиот шеф на дипломатијата со смирувачки тонови околу заканите за државен удар кои вчера ги откри во јавноста претседателката Санду. Безбедносниот ризик е присутен уште пред конфликтот во Украина и заканите не се ништо ново и успешно ги превенираме нгалси министерот Попеску.

Османи, како претседавач на ОБСЕ, по серијата средби со молдавскиот државен врв изјави дека разговорите со претставниците на Транснистрија се витален процес и дека мора да продолжат ако треба и во формат 1+1, односно со директни средби меѓу претставниците од двете држави.

„Форматот 5+2 не е функционален, иако е единствен за разговори. Мило ми е што сум во Кишињев од прва рака да ги слушнам информациите за заканите“, вели Бујар Османи, претседавач на ОБСЕ.

Притисокот врз Молдавија по агресијата врз Украина е огромен, пред сè поради прекинот на преговорите со претставниците на Транснистрија кои се одвиваа во формат 5+2, односно под покровителство на ОБСЕ, ЕУ, САД, Русија и Украина.

Премиерката Гаврилита неочекувано даде оставка, а претседателката Санду предупредува дека државен удар во Молдавија е следниот чекор кој го подготвува Русија за да ги зајакне совите позиции во регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Мицотакис бара апсолутно почитување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Ќе се прегласува на седум избирачки места, висат два мандати на ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе