Вести Македонија Топ вести

Топ Тема дебата: Власта го киднапира евроинтегративниот процес

Ново партиско проветрување на владата за старата европска агенда на земјава. Реформите ги чекаат новите министри, заменици министри и директори да седнат во фотелјите. Колку партиските апетити ја чинат реформската агенда? Станува ли европската агенда памфлет?

Вечерва во Топ Тема дебата со д-р Малинка Ристевска Јорданова поранешна директорка на Институт за Европска политика, Сефер Селими од Демократска лабораторија и Миша Поповиќ од Институт за демократија.

Надвладување на политичкиот наратив во оопштеството и сакаат да го наметнат целиот овој фронт за европа и на оние кои не се за тоа. Процесот на евроинтеграции не може да се монополизира во една политичка партија или во една влада. Тоа треба да биде општ општествен процес, каде што сите ќе си одиграат својата улога и даваат придонес тој процес да се забрзува. Тој процес треба да ја трансформира државата од еден процес на транзиција ни којшто ние минуваме овие последни 30 години и да не однесе до крајната дестинација која треба да ни донесе поквалитетен живот, рече во вечерашната Топ Тема, Сефер Селими од Демократска лабораторија.

Д-р Малинка Ристевска Јорданова, поранешна директорка на Институт за Европска политика истакна дека е важно прашањето дали ние сме поблиску до она што го сакаме за себе како општество.

  • „Мислам дека не сме и дека граѓаните тоа јасно го кажуваат. Мислам дека денес сме многу поподелени отколку што бевме тогаш. Мислам дека поларизацијата во општеството е многу поголем и дека таа иако можеби ги немаме оние ескалации кои ги имамвме на почетокот но таа само тлее и тлее. Оттука мислам дека не сме поблиску до ЕУ отколку што бевме тогаш, а тоа беше можеби најниската точка на нашиот пат кон ЕУ“, рече Ристевска Јорданова.

Иако најголеми поделби произлегуваат од уставните измени, таа смета дека тоа е наративот кој го наметнува владата.

  • „Таа всушност го киднапира процесот, сега се друго е ставено на страна и владата често политички го злоупотребува процесот на влезот на ЕУ. Па преговарачката рамка не е во сила, треба уставните измени прво да се усвојат. Ова е агенда која ја диктира владата бидејќи веројатно се надева дека ќе стекне приврзаници, па овие се против и имаме државни непријатели и пријатели. Премногу поделби за македонското општество“, рече Ристевска Јорданова.

На што Сефер Селими додаде дека доаѓаме до крајниот чин – или или, и подигнување на очекувањата на граѓаните. Мланите очкуваат, врз основа на одредени истражувања, дека Македонија ќе се приклучи кон ЕУ во 2025. На некој начин постојано се хранат со лажни надежи.

  • „Насловот на коалицијата е чист политички маркетинг. Можеби ќе имаше повеќе пратеници коишто ќе гласаа за владата, а владата се декларише дека токму таа ќе сработи нешто видливо против корупцијата. Ако зборуваме за слоганите, со којшто се именува некој политички процес којшто започнува, тогаш треба да се фокусира на темите кои ќе не однесат до таму каде што ние како општество посакуваме. Ако го разглобиме она што просечниот граѓанин го замислува како Европа, тој не замислува Унгарија, Полска, Чешка, Бугарија, Романија, дури ни Хрватска, туку Германија и Холандија. Тоа е она што граѓаните го подразбираат под Европа“, Миша Поповиќ од Институт за демократија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе