Вести Македонија Топ вести

Сајтот на ФЗОМ е блокиран веќе осми ден – од Фондот смируваат дека нема излевање на податоци од базата и постепено се враќаат функциите

Немаме никаква информација што конкретно се случува со базата на податоци на Фондот за здравство, реагираат медицинските лица. Велат дека без проблем се издаваат рецепти и пациентите нема да бидат оставени на цедило, но се плашат дека е можно да се изврши злоупотреба на личните информации зха пациентите.

  • „Во моментов не функционира делот околу боледување, исто така пријави и одјави на нови пациенти, т. е секое бајпасирање сега е на хартија. И она што мене ме загрижува е немањето никаква информација што конкретно се случува. Дали се загрозени податоците на нашите пациенти, како лекар пациентите што во нашата приватна институција се згрижени. Немаме ние проблем со издавање на рецепти, нема никогаш да ги оставиме пациентите на цедило, меѓутоа ние не знаеме дали утре нивни податоци ќе се појават на Дарквеб или некој ќе ги продава. Бидејќи збориме за најинтимни, приватни податоци како за здравје и лични податоци“, изјави доктор Ненад Лазаров од асоцијацијата на млади лекари и специјализанти.

Во меѓувреме Фондот за здравство ја извести јавноста дека системите во претстојните денови постепено ќе се враќаат во функција, техничките тимови работат во континуитет и експертските тимови утврдиле дека при сајбер нападот нема излевање на податоци надвор од базите на Фондот.

  • „Правото на здравствена заштита на граѓаните не е загрозено, лекувањата, упатите за прегледите и боледувањата  издавањето на рецепти од страна на матичните лекари, како и издавањето на лекови на граѓаните се одвива непречено и граѓаните без застој можат да ги користат овие здравствени услуги. Усогласени се и решенија за остварување на правото на ортопедски помагала“, велат од фондот за здравствено осигурување. 

Според професор Димовски, ја немаме таа безбедносна култура да си признаеме дека ваквиот упад може да значи можност и користење и злоупотреба на личните податоци за низа напади и уцени на луѓето чии податоци се таму.

  • „Не верувам дека може да се заштити ако некој влегол во тој систем, а ова веќе укажува дека некој влегол во системот. Хакирањето може да биде само блокирање на системот, меѓутоа може да биде и преку влез во искористување и исцрпување на сите податоци кои ги има внатре и не верувам дека ако некој успеал да блокира дека не може да ги извлече тие податоци. Ние може само да се обвиниме себеси дека не сме обрнале повеќе внимание на самата заштита да го заштитиме системот да не може утре било кој да влезе. Уште полошо е ако тие влезат и во одредени класифицирани податоци“, смета универзитетскиот професор, Злате Димовски. 

Враќањето на функционалноста за исплатите на платите на здравстените работници во Јавните здравствени установи како и враќање на системите на исплата на боледувањата, породилното и рефундациите е приоритет, велат од Фонд за здравство.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе