Вести Македонија Топ вести

Дел од македонските спасувачи се враќаат дома

По, речиси, една недела мината во турските градови разурнати од земјотресот, дел од македонските спасувачи се на пат кон дома. Поради безбедносни причини и дозволени 10 дена престој во регион погоден од катастрофа, нашите спасувачи кои работеа рамо до рамо со спасувачите од целиот свет се враќаат во Македонија. Но, остануваат уште триесетина наши кои веројатно до среда ќе продолжат да трагаат по преживеани под урнатините.

Работата на македонските спасувачи постојано беше следена и од медиумите. Активно учествуваа во акциите, на терен беа од утро до мрак, а самите успеаја да извлечат 38-годишна жена под урнатините во градот Адијаман во Турција. Работеа на објект кој беше разрушен и се извадија голем број мртви тела.

Докторите кои се понудија да помогнат и да заминат во Турција, сепак, останаа дома. Станува збор за 500-тини здравствени работници, но ниту еден од нив не отпатува, бидејќи ресорното министерство добило информација од турската амбасада дека нема потреба од нив.

Безбедносната ситуација во погодените турски градови станува сè полоша. Поставени се околу 50.000 семејни шатори, но многумина останаа без покрив над главата и соочени со суровите зимски услови се принудени на кражби и меѓусебни конфликти. Поради ова, спасувачките акции се одвиваат и со придружба на војската. Влошената безбедносна состојба ги натера германскиот, австрискиот и израелскиот спасувачки тим да ја суспендираат својата работа и да се повлечат.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе